СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов – Мицкоски да каже за врската со Нацев
СДСМ денеска упати уште едно соопштение за продолжување на актуелните препукувања со ВМРО-ДПМНЕ на тема која партија била покорумпирана и повеќе го заштитувала криминалот.
Препорачано
„Јавно, јасно и гласно повторуваме: Венко Филипче нема никаква врска со Крмзов, ниту со било кои измислени сценарија што панично ги пласира ВМРО-ДПМНЕ. Оваа очајна црна кампања само ја разоткрива внатрешната нервоза и стравот кој владее кај Мицкоски и неговата партија. Наместо идеи, резултати или одговори на сериозните прашања од јавноста, ВМРО-ДПМНЕ се крие зад фабрикувани обвинувања и дезинформации. Вистината е јасна – ова е обид на Мицкоски да ја тргне фокусот од својот долгогодишен соработник и близок партиски кадар, Александар Нацев – притворениот сопственик на обезбедувањето „Рубикон“, осомничен за трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани“, пишува во соопштението.
„Нацев е дел од ВМРО-ДПМНЕ – член на Комисијата за одбрана и безбедност, делегат на конгресот на кој Мицкоски беше избран за претседател, со редовни настапи од истата таа говорница од која денес се шират лаги. Мицкоски и Насев имаат заедничка историја, заеднички фотографии, заедничка одговорност. Тоа е дебела врска сплетена околу вратот на кочанчани“, додаваат од опозициската партија.


