СДСМ

СДСМ бара широка јавна дебата и референдум за отворање рудник со антимон во кривопаланечко Луке

За најавата на Мицкоски за отворање рудник со антимон во кривопаланечко Луке мора да има поширока јавна дебата и секако да се прашаат граѓаните, тие да одлучат, соопштуваат од СДСМ, додавајќи дека станува збор за сериозно прашање за тоа како оваа држава одлучува за своите ресурси, за здравјето на граѓаните и за иднината на локалните заедници.

Оттаму потсетуваат дека старото еколошко жариште Лојане со децении стои нерешено, а во исто време се најавува нов рудник за антимон.

Не сме против инвестиции. Но, не може моделите да бидат фокусирани на профитот и бизнисот, со висок ризик по здравјето на граѓаните. Не може да се зборува само за економска корист која не е сигуна. А при тоа никој да не зборува за загадувањето и опасноста по луѓето, за цената на загадена вода, за цената на заболени луѓе и за цената на уништено земјоделие. Тоа не се бројки во извештаи, тоа се последици кои траат со генерации. Ако државата не може да го реши Лојане, тогаш нема кредибилитет да отвора нови рудници, се вели во соопштението од СДСМ.

Партијата смета дека вакви проекти граѓаните мора да бидат прашани и да учествуваат во процесот на донесување одлуки.

Затоа, според нив  мора да бидат исполнети неколку клучни услови: прво, Владата итно да ги реши постојните еколошки жаришта. Без тоа не може да инсистира на отворање нови рудници. И второ, како што велат, потребна е целосна транспарентност пред граѓаните. Сите договори, економски параметри, студии за влијание мора да бидат јавно објавени, исто како и детални информации за фирмите кои стојат зад ова.

Покрај тоа, меѓу условите СДСМ посочува дека системот мора да биде затворен еколошки систем без испуштање во почва, вода или воздух, да има финансиска гаранција однапред обезбедена од инвеститорот за санација на евентуални штети. Меѓу другото, потребен е и независен мониторинг со јавни податоци достапни во реално време.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот