Плакат за настанот на Иницијативата „Сите за Палестина“

Сценско читање на „Монолози од Газа“ ќе се одржи на Академската сцена на ФДУ

На Академската сцена на ФДУ, на 23 февруари (понеделник), во 19 часот, ќе се одржи сценско читање на „Монолози од Газа“, во изведба на активисти од Иницијативата „Сите за Палестина“ и актери од независната театарска група „Штрих“.

– „Монолози од Газа“ е збир на сведоштва од страдањето на луѓето во Газа врз кои активно се врши геноцид, грижливо собрани од палестинскиот театар „Аштар“, кој дарежливо го сподели материјалот со нас и инцијативата ги преведе на македонски јазик.

Ја покануваме јавноста да дојде, да ги слушне нивните приказни и заедно да покажеме дека солидарноста нема граници. Настанот е од добротворен карактер: влезот е слободен, а во кутија за донации ќе може да се остави придонес за хуманитарни цели – истакнуваат од Иницијатива „Сите за Палестина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот