Савичевиќ: Секој млад кошаркар сонува за настап на ЕП, учиме од постарите

фото: КФСМ

Македонската кошаркарска репрезентација утре ги започнува настапите на квалификацискиот турнир во Перм, Русија, за пласман на Евробаскет 2022, а селекторот Александар Тодоров меѓу кошаркарите на кои смета е и младиот Лука Савичевиќ. Кошаркарот на вториот тим на МЗТ Скопје, се очекува токму во Перм да ги одигра првите минути во сениорската репрезентација, а истото го очекува и младиот Симиќ.

– Немам трема, сепак веќе одработив еден мини циклус со репрезентацијата и бев седум дена во Талин. Но секогаш постои возбуда кога си со репрезентацијата. Секој од нас младите кошаркари сонува за настап во сениорската репрезентација. На нас младите е да се бориме и да тренираме напорно и да учиме од постарите, и од тренерите, секако. И верувам дека еден ден сите ќе имаме настапи за репрезентацијата – вели Савичевиќ.
Избраниците на Тодоров утре против Италија ги започнуваат настапите на квалификацискиот турнир во Перм на кој ќе се брка воза за Евробаскетот 2022 година. По дуелот со Италија, кошаркарите ги очекуваат и натпревари против Русија, повторно со Италија и на крајот со Естонија.

– Атмосферата во тимот е одлична. И доколку сите го дадеме максимумот, се бориме, мислам дека ќе дојдеме до посакуваната цел, и дека ќе оствариме пласман на Евробаскетот. Ние како помлади напредуваме со тоа што играме со поискусните од нас. И учиме многу од нив. Нашата игра се сведува на тоа да внимаваме на многу мали детали. Да не се плашиме од дуели. Едноставно, да не се повлекуваме. Научивме доста работи од нив, и мислам дека доста напредуваме со овие заеднички тренинзи – вели Лука Савичевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот