Савевски: Четири до шест ракометарки од оваа репрезентација ќе играат и на сениорското ЕП

Селекторот на женската ракометна кадетска репрезентација, Љубомир Савевски/фото: РФМ

Женската ракометна репрезентација на Македониија до 18 години со поразот од Хрватска го заврши настапот на 12 позиција на Светскотото првенство.

Ракометарките одлично го почнаа настапот на Мундијалот што се игра во Скопје, забележаа три победи во првата фаза над Иран, Сенегал и Узбекистан. Во главната рунда, Македонија ремизира со Шведска (20:20), а потоа загуби од Исланд со 25:22 по што ги загубија шансите за четвртфиналето. Потоа следеа два порази во натпреварите за пласман од 9 до 12 место, прво од Германија, а денеска и од Хрватска.
Селекторот Љубомир Савевски е задоволен од прикажаните игри на неговите избранички кои изгореа во дуелот со Исланд, но најави дека дел од овие  ракометарки ќе настапат на сениорското Европско првенство кон крајот на годината што ќе се игра во Црна Гора, Словенија и во Македонија .

– Имавме голема шанса да влеземе меѓу најдобрите осум, им дадов шанса на оние ракометарки што во Литванија беа најдобри и мислев дека можеме да издржиме, ама на крајот се покажа дека тоа не е така. Немавме среќа во одреден момент, имавме напади за изедначување во клучниот меч со Исланд, не го направиме тоа и оттогаш падна екипата.

Мечот со Германија беше нереална слика, иако се работи за фантастична репрезентација. Ама немавме сили да играме со нив. Едноставно, бевме потрошени. Ракометарките плачеа без престан по тој меч со Исланд. Тие се мои борци, направија голем успех, претходно не немаше никаде на картата. Во Литванија победивме со Полска, Исланд, Финска,  тоа се добри репрезентации кои одат напред. Менталниот склоп на оваа екипа е многу јак, ни требаат уште три до четири играчи за замена и мислам дека оваа генерација ќе напредува. Имаме едно Европско првенство и едно Светско првенство тука во 2024 година. Ако се променат некои работи, може да се надеваме на добар пласман.

Ме критикуваа дека давам шанса на млади ракометарки во сениорската селекција, а за мене нема млади и стари, само добри и лоши. Песимистичка е прогнозата дека четири од оваа генерација ќе играат на ЕП за сениорки, а оптимистичка е дека ќе имаме шест. Ние нема што да загубиме на тоа ЕП, а ќе се обидеме да направиме екипа за следните 10 до 15 години. Играта од второто полувреме денеска е тоа што ме задоволува, од минус 12 дојдовме на минус три имавме и напад за минус два. Ова е доказ дека можеме да одиме напред и да растеме со овие ракометарки – изјави селекторот Љубомир Савевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот