Саудиска Арабија со нов проект – кралските палати се претвораат во луксузни хотели

Саудиска Арабија, покрај спроведувањето на низа политички реформи, многу активно работи и на реализација на економски и други проекти кои ќе ја претстават земјата во малку поинакво светло. Еден од таквите проекти се однесува на реновирање и реставрација на поранешните кралски палати, вклучувајќи ја и поранешната резиденција на кралот Сауд бин Абдулазиз и оние во кои беа домаќини меѓународни личности како што се поранешниот американски претседател Ричард Никсон и покојната принцеза Дијана.

„Угостителската компанија во сопственост на Фондот за јавни инвестиции, Бутик Груп, преобразува неколку палати низ Саудиска Арабија во суперлуксузни хотели како дел од туристичките планови во рамките на „Визија 2030“, се вели во соопштението.

Трите палати кои се подложени на реновирање ги вклучуваат Црвениот дворец и палатата Тувајк во Ријад и палатата Ал-Хамра во Џеда.

„Секој од овие имоти нуди уникатен поглед кон огромната култура и наследство на Саудиска Арабија и разновидноста на регионите“, рече директорот на Бутик Груп, Марк Де Косинис, информира Кликс.ба.

Кога станува збор за палатите, палатата Ал Хамра датира од 1960-тите и првично била изградена како кралска резиденција на кралот Фајсал бин Абдулазиз. Палатата Тувајк се наоѓа во дипломатскиот кварт на Ријад. Туристичкиот сектор на Саудиска Арабија доживува значителен раст, а седум години претходно Кралството ја надмина својата визија за 2030 година од 100 милиони посетители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот