Саудиска Арабија го започна мировниот самит за Украина

Фото: EPA/EFE

Високи претставници на околу 40 држави, меѓу кои и САД, Кина и Индија, денеска во саудискиот град Џеда почнаа преговори, кои, како што Киев и украинските сојузници се надеваат, треба да резултираат со договор за клучните принципи за ставање на крај на војната во Украина, пишува МИА.

Високи претставници на околу 40 држави, меѓу кои и САД, Кина и Индија, денеска во саудискиот град Џеда почнаа преговори, кои, како што Киев и украинските сојузници се надеваат, треба да резултираат со договор за клучните принципи за ставање на крај на војната во Украина.

Дводневниот состанок е дел од дипломатските напори на Украина да допре до земјите од „глобалниот југ“ кои не сакаат да заземат страна во конфликтот, иако тој влијае врз глобалната економија.

Се уште не е јасно дали средбата ќе резултира со заедничка изјава.

На средбата во Џеда не присуствува руски претставник, но Кремљ најави дека внимателно ќе ги следи разговорите.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека се надева оти средбата во Џеда ќе резултира со мировен самит на кој ќе биде поддржан неговиот план. Киев бара Русија да ја врати целата украинска територија и да ја повлече армијата од Украина.

Украинските, руските и меѓународните претставници се согласуваат дека во моментот нема изгледи за иницирање на директни мировни преговори помеѓу Киев и Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот