Саудијците за моќен Њукасл: Крос е најголемата желба од петте фудбалски „бомби“

Тони Крос би можел да ја продолжи кариерата во амбициозниот Њукасл/Фото: EPA-EFE/JuanJo Martin

Њукасл Јунајтед неодамна стана еден од најбогатите клубови во светот. Купен од конзорциум од Саудиска Арабија, кој прво имаше задача да избере нов менаџер, а сега откако потпишаа договор со Еди Хоув – време е да се посветат на наоѓање нови играчи.

Се очекува Њукасл во јануари да вложи многу пари во новајлијата за да опстане во Премиер лигата, а веќе знаат кои се петте познати фудбалери што сакаат да ги доведат што поскоро. Шпанскиот весник „Марка“ го објави нивниот план, кој мора да се каже дека е многу амбициозен.

Проектот треба да се врти околу Тони Крос, еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, кој полека влегува во годините во кои „кралскиот клуб“ отпишува играчи. Германецот изјави дека сака да ја заврши кариерата во Мадрид, но ќе видиме дали на крајот ќе размисли за понудата на Њукасл.

Тој во јануари ќе го прослави својот 32 роденден, а договорот со Реал Мадрид му трае до 2023 година, што значи дека би можеле да го купат со попуст, доколку секако сака да игра во Премиер лигата.

Крос не е единствениот Германец кој би го посакале во своите редови, па имаат намера да го нападнат неговиот сонародник Никлас Зиле. Станува збор за одличен дефанзивец на Баерн кој смета дека заслужува побогат договор во Минхен и поради тоа сè уште не го продолжил договорот, па нема да биде изненадување доколку е слободен играч на лето.

Во иднина би можел да игра во одбранбен тандем со еден Англичанец. Најспомнуван е Тајрон Мингс од Астон Вила, кој се чини дека е во кавга со управата, па тоа би било олеснителна околност.

На крајот Њукасл подготвува две засилувања од Манчестер јунајтед. Сакаат да ја искористат ситуацијата со фудбалерите кои ја немаат потребната минутажа кај Оле Гунар Солскјер, за да ги доведат за помалку пари отколку што вредат, па ќе биде интересно да се види дали и тие ќе сакаат да се преселат на север.

Станува збор за двајца офанзивни играчи од средниот ред – Дони ван де Бек и Џеси Лингард – кои заслужија поголема шанса на „Олд Трафорд“, но се чини дека се соочуваат со предизвици во друг клуб и можеби ќе им се допадне амбициозниот план.

ВИДЕО I Што се поседува газдата на Њукасл: Најскапата куќа на светот, слика на Да Винчи, јахта од 500 милиони евра…

Ѕвезда на Бундеслигата објасни како пропаѓаат талентите во Реал: Младите носат торби од 500 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот