Саудијците ќе градат град во кој ќе може да живеат 130.000 луѓе
Саудиската групација ROSHN, која стои зад Фондот за јавни инвестиции во сопственост на престолонаследникот Мохамед бин Салман, претстави проект кој треба целосно да ја замени визијата на градот Џеда, како и неговата поширока околина.
Препорачано
Според најавите, групацијата треба да изгради населба наречена Марафи каде треба ќе може да живеат повеќе од 130.000 жители.
Она што е интересно, е фактот дека околу градот ќе биде изграден пловен канал долг 11 километри и широк 100 метри, кој воедно ќе биде прв од ваков вид во Саудиска Арабија, пренесува Кликс.
Каналот, како и градот, треба да се поврзат со Шарм Абхур, односно каналот кој се наоѓа на источната страна на Црвеното Море.
Овој проект е во согласност со визијата што Саудиска Арабија сака да ја постигне до 2030 година, која вклучува речиси целосна реорганизација на системот и изградба на бројни нови содржини.
– Проектот има за цел да го развие пејзажот на градот Џеда, кој воедно е еден од најважните туристички и трговски центри во земјата. Населбата ќе опфати станбени згради, рекреативни површини и јавни површини – објаснуваат оттаму.
Новиот град ќе биде поврзан со Џеда со т.н. со водени такси, автобуси, метро, како и аеродром.


