Само три земји во светот имаат помала доверба во интегритетот на изборите од Македонија
Македонија е рангирана на четврто место во свет во 2023 година според најголема недоверба во изборите, според „Галуп“. Малку подобар резултат има Босна и Херцеговина, која е на петто место од десет најлошо рангирани земји во свет, објави „Гласот на Америка“, а пренесе МИА.
Препорачано
Додека Бугарија се подготвува да ги одржи седмите парламентарни избори во последните три години оваа недела, истражувањата на „Галуп“ покажуваат дека само 10 отсто од Бугарите веруваат во интегритетот на нивните избори.
Нигеријците имаат поголема доверба во избори и од Бугарите, Македонците и Босанците, и се рангирани на десетто место.
Лошиот степен на недоверба на Бугарите е најнизок не само во Европската Унија, туку и во светот. Ова, исто така, претставува еден од најниските резултати на Индексот на националните институции измерени во анкетатa на „Галуп“.
Само Чад во 2006 година забележа статистички понизок резултат од Бугарија минатата година.
Последните бугарски парламентарни избори на 9 јуни 2024 година, покажаа рекордно ниска излезност на гласачите од падот на комунизмот, потенцијален знак дека расте заморот од изборите и разочарувањето од изборниот процес.


