Избори, листи Фото: Драган Митрески „Слободен печат“

Само третина од учесниците во изборната кампања поднеле извештаи за донации

Извештаи за примени донации доставија 35 отсто од вкупниот број на учесници во изборната кампања, соопшти Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Согласно Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за Локалните избори 2025 година имаат обврска да поднесат извештаи за примени донации во текот на изборниот процес како извор на нивно финансирање, како и вкупен финансиски извештај со податоци за вкупните приходи и расходи на изборната кампања, во законски утврдени рокови, со што се овозможува следење на законитоста на финансирањето и трошењето на средствата од страна на надлежните институции, како и увид на јавноста во изворите на приходи и во начинот на трошење на средствата во изборната кампања, со цел зајакнување на довербата во изборниот процес.

„Согласно рокот за доставување на Извештај за примени донации на трансакциска сметка за изборна кампања, за период од отварање на сметката до 11-от ден од изборната кампања односно заклучно со 9 октомври 2025 година до 24 часот, до ДКСК се доставени вкупно 61 извештаи, што изнесува нешто над 35 отсто од вкупниот број на учесници во изборниот процес“, соопшти ДКСК.

Сите 19 коалиции доставија извештаи за донации, примени се 18 извештаи од политичките партии и 24 извештаи од независни кандидати, поддржани од група избирачи.

По истекот на рокот, доставени се уште 2 извештаи од политички партии.

Извештаите за донации се објавени на веб-страницата на ДКСК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот