Само што не се онесвестила кога видела како изгледа личноста запишана како МИЛЕ ПАРКЕТАР во именикот на сопругот!

Порано, пред ерата на паметните телефони, луѓето можеа многу полесно и помирно да „шараат“ наоколу без страв дека нивната прељуба ќе биде откриена. Стариот мит вели дека тогаш мажите своите љубовници во телефонските именици ги запишувале како „Перо молер“ или „Миле паркетар“. Која жена би се посомневала во тој контакт од именикот?

Меѓутоа, на сите тие лажни водоинсталатери, паркетари, автомеханичари и останати мајстори, им помина ерата бидејќи стигнаа паметните телефони, а со нив и социјалните мрежи.

Сега сомнителните партнери можете да ги проверите со само еден клик. Веднаш можете да дознаете дали водоинсталатерот од именикот на вашиот партнер е вистинит или лажен. Оваа жена, за своја несреќа, открила дека Миле паркетар е една сензуална дама.

Веројатно ова откритие предизвикало жестока расправија помеѓу партнерите, а сликата брзо стана вирална.

Затоа, ако се сомневате во нешто, проверете ги сите мајстори од именикот на осомничената страна, можеби непријатно ќе се изненадите.

Twitter

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот