Само што го пуштија, Русковска ќе бара нов притвор за Миле Јанакиески

Фото: Слободен печат

Откако денес Апелација ” rel=”noopener” target=”_blank”> му го укина куќниот притвор на ексминистерот во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески, ќе се бара одлука за нов притвор. Според последните информации, од Обвинителството за организиран криминал и корупција велат дека ќе побараат притвор за Јанакиески за случајот „27 Април”.

Инаку, Апелациониот суд Скопје, денеска до Основниот кривичен суд Скопје, го достави решението со кое на обвинетиот во повеќе судски предмети Миле Јанакиевски, му ја укинува мерката куќен притвор и му ја заменува со мерка претпазливост.

Ова значи дека Јанакиески од денеска се брани од слобода во судските процеси во кои е обвинет. На поранешниот министер за транспорт и врски првпат му беше одреден притвор на 14 ноември 2018 година.

Миле Јанакиески е првостепено осуден во предметите „27 април“ (на 6 години и 3 месеци затвор) и „Насилство во Центар“ (условна казна).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот