Апелација го укина куќниот притвор за Миле Јанакиески

Миле Јанакиески
Миле Јанакиески /Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Апелацискиот суд во Скопје денеска го укина куќниот притвор за Миле Јанакиески, кој е обвинет во неколку предмети на поранешното Специјално јавно обвинителство. Информацијата ја соопшти Кривичниот суд.

„Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје на 18.11.2021 година достави решение … со кое второстепениот суд, постапувајќи по жалбата изјавена од одбраната на М.Ј., обвинет во предметите … „Т.Н.Т.“, „Титаник“, „Талир“, „Топлик“, „Траекторија“ и „Шпански скали“, ја уважи жалбата за укинување на мерката куќен притвор. Според решението на Апелациониот суд, на обвинетиот му се определуваат мерки за претпазливост, односно: забрана за напуштање на територијата на РСМ и Град Скопје, обврска обвинетиот да се јавува во судот и забрана за издавање на друга патна исправа“, стои во соопштението на Кривичниот суд.

Јанакиески во ќуќен притвор помина три години, а со денешната одлука ова значи дека Јанакиески од денеска ќе се брани од слобода во судските процеси во кои е обвинет. Првпат му беше одреден притвор на 14 ноември 2018 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот