Гласачко место ОУ.„Коле Неделковски“ во Центар / Фото: Слободан Ѓуриќ - Слободен печат

Само четири жени се избрани за градоначалнички

И покрај тоа што во трката за градоначалник на Локалните избори се натпреваруваа вкупно 32 жени, избрани беа само четири, што претставува само 10, 35 отсто од сите 309 кандидати за градоначалници.

Една од четирите беше избрана во првиот круг, а три во вториот.

На чело на општина Кисела Вода застана Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ, која беше избрана уште во првиот круг.

Во Македонска Каменица, Соња Стаменкова од СДСМ го освои својот втор мандат.

Марија Нацева од ВМРО-ДПМНЕ победи во Неготино, а нејзината сопартијка Наталија Димитриева ќе ја предводи општината Демир Капија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот