Само 100 блогери во Белгија го добија „сертификатот за инфлуенсер“ – важи една година и мора да се обнови
Само 100 блогери во Белгија го добиле таканаречениот „сертификат за инфлуенсер“ од почетокот на оваа иницијатива, која има за цел да ја подобри транспарентноста и професионалните стандарди во индустријата за дигитално рекламирање.
Препорачано
Ова е дел од вкупно околу 6.000 луѓе кои, според официјалните проценки, се занимаваат со оваа работа, пишувa „Брaселс тајмс“ и агенцијата „Белга“.
Од минатиот октомври, белгиските инфлуенсери можеа да добијат сертификат со кој се потврдува дека ги почитуваат правилата за рекламирање и транспарентност на социјалните мрежи. Сертификатот го лансираа Белгискиот совет за рекламирање и Алијансата за маркетинг на инфлуенсери.
За да добијат сертификат, инфлуенсерите мора да поминат обука што вклучува правила за рекламирање, стандарди за транспарентност, посебни правила за рекламирање на социјалните мрежи, како и прашања за општествена одговорност во дигиталниот простор.
Потоа кандидатите полагаат тест на кој мора да постигнат најмалку 70 проценти од точните одговори, како и да се обврзат да ги почитуваат наведените правила во пракса. Сертификатот важи една година и мора да се обновува годишно.
Белгиската организација за саморегулација на рекламирање, JEП, ги следи објавите и контролира дали инфлуенсерите ги почитуваат правилата. Во случај на прекршување на овие прописи, инфлуенсерите можат да добијат упатства за корекција, но и привремено или трајно да го изгубат сертификатот.
Иницијативата беше поддржана од голем број организации од рекламниот сектор, како и од неколку големи брендови, кои објавија дека во иднина ќе соработуваат исклучиво со сертифицирани инфлуенсери.


