Самит на Вишеградската група во Лублин: Чешкиот премиер не дозволи учество на белоруски опозиционери
Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш го спречи неговиот полски колега Матеуш Моравјецки да покани претставниците на белоруската опозиција како учесници на денешниот Самит на премиери на Вишеградската група во Лублин. Таквиот , со цел белорускиот претседател Александар Лукашенко да не го злоупотреби настанот за пропагандни цели.
– Ги отфрлам информациите дека сум ставил вето. Реков дека тоа не е добра идеја. А, синоќа разговарав со словачкиот и унгарскиот премиер кои, исто така, рекоа дека не е добра идеја. Белорусија нè обвинува за хибридна војна, за мешање во нејзините внатрешни работи. Убеден сум дека резултатот од таквата средба ќе биде само вода за воденицата на диктаторот Лукашенко, изјави чешкиот премиер, Бабиш.
Тој рече дека сака да ја стави Белорусија како точка на дневниот ред на Европскиот совет на 24 и 25 септември,, „бидејќи тоа е вистинското место за одредување на заедничката акција на Европската унија, а состанокот во Лублин би бил избрзан чекор”.
Лукашенко, од почетокот на протестите во Белорусија што следуваа по претседателските избори, повеќепати ги обвини Полска и Чешка за организирање и финансирање на тие протести и истакна дека САД стојат зад сè.
Премиерите на т.н. Вишеградска група денеска во Лублин разговараат за пандемијата на Ковид-19 и соработката за нејзино сузбивање во регионот, а исто така ќе ги усогласат и ставовите на таа неформална регионална група пред Европскиот совет на крајот на септември
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Видео на денот
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
22мин
-
39мин
-
53мин
-
57мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


