Салвини: Миграцискиот проток ќе го спречиме со „физички бариери“

фото: EPA-EFE/DANIEL DAL ZENNARO

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Италија Матео Салвини изјави синоќа дека не е исклучено подигнување „физичка преграда“ на североисточната граница заради спречување на миграциски бран.

– Се активира миграцискиот поток преку балканската рута. Од јули ќе воведеме патроли долж границата заедно со Словенија. Но, ако миграцискиот бран не биде прекинат, во краен случај не исклучуваме изградба на физички бариери, како што тоа го направија и во некои европски земји, изјави Салвини.

Во Италија по наредба на Салвини е забрането впловување во пристаништа на бродови со спасени мигранти во Медитеранот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот