Фото: СП, Архива

Салата на УКИМ, која „изеде“ 2,5 милиони евра, ќе се доградува за уште 900.000

Спортската сала на УКИМ, во која државата вложи околу 2,5 милиони евра, денес е напуштен и разурнат објект – симбол на долгогодишно институционално занемарување. Иако беше изградена уште во 2017 година, за студентите од кампусот кај Правниот, Економскиот и Филолошкиот факултет да добијат современ простор за спорт, салата никогаш не беше во употреба.

Сега, според Министерството за спорт, конечно е започната процедура за „оживување“ на универзитетската спортска сала. Оттаму велат дека тендерската постапка за избор на изведувач е веќе во тек, а планот е таа да заврши до крајот на годинава. Веднаш по изборот на изведувачот, во законски предвидениот рок, треба да започне и комплетната реконструкција на објектот.

Во буџетот за догодина веќе се предвидени 54 милиони денари (околу 900.000 евра) за оваа намена.

„За реконструкција на спортската сала во кампусот на УКИМ предвидени се 54 милиони денари со вклучен ДДВ. Со оваа инвестиција ќе биде извршена целосна реконструкција на салта која во изминативе десетина години е запуштена и претворена во руина. Реконструкцијата опфаќа поставување на нов под, средување на трибинскиот простор, соблекувалните и машинските инсталации (технички системи за греење, ладење, вентилација, водовод, одвод и друга механика неопходна за нормално и безбедно функционирање на објектот)“, велат од Министерството.

Реконструкцијата треба да опфати поставување целосно нов спортски под, обновување на трибините, соблекувалните, како и комплетна реконструкција на машинските инсталации – системи за греење, ладење, вентилација, водовод, одвод и друга неопходна механика за безбедно функционирање на објектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот