Салата „Јордан Мијалков“ во Штип е подготвена, утре почнува масовна вакцинација на регионот

Масовната имунизација за граѓаните од штипскиот и струмичкиот регион почнува од утре во 8 часот во спортската сала „Јордан Мијалков” во Штип. Директорката на здравствениот дом-Штип, Снежана Трајковска, вели дека претпладнево се пристигнати 5.000 вакцини на „Синофарм”, сместени се во фрижидерите и објектот го обезбедуваат полициски службеници.

Во масовната иминизација ќе учествуваат 50 медицински сестри, осум лекари, 16 администратори, кои се студенти од Универзитетот „Гоце Делчев” и волонтери на ОО Црвен Крст-Штип.

Трајковска вели дека 80 отсто од здравствениот персонал е од Здравствен дом-Штип и Клиничка болница-Штип, останатите 20 отсто од персоналот ќе пристигнуваат од градовите од двата региони.

Салата „Јордан Мијалков” е подготвена и во неа има 22 вакцинални пунктови, дневно ќе може да се имунизираат од 1.000 до 2.000 граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот