Сагата околу Симонс може да трае цели четири години

Бен Симонс упорно одбива да им се приклучи на соиграчите во Филаделфија/ фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Приказната околу Бен Симонс и Филаделфија сиксерс никако да добие епилог. Кога сите помислија дека односите помеѓу ол стар крилото и управата на Филаделфија се изгладија, Симонс пред неколку дена на тренингот на екипата се појави со мобилен телефон во џебот поради што беше избркан од истиот и потоа заработи суспензија.

Поради суспензијата Симонс остана без 1.2 милиони долари бидејќи не настапи на четирите натпревари во подготовките како и на првиот натпревар во новата сезона.

Генералниот менаџер на Филаделфија, Дерил Мори изјави дека целата приказна околу Симонс може да потрае до истекот на неговиот договор бидејќи имаат потешкотии да го разменат.
Причината за тоа е што Филаделфија бара премногу за Симонс, од Портланд кој беше заинтересиран за размена го бараше Демиен Лилард, но овој предлог експресно беше одбиен.

– Можеби мислите дека се шегувам, но верувајте дека тоа не е случај. Оваа ситуација со Симонс може да трае дури четири години. Очекуваме Бен да се врати во екипата, а доколку не го стори тоа набрзо ќе го размениме за играч кој може да направи разлика – изјави Мори.

Освен Портланд, интерес за Симонс пројави и Индијана пејсерс која беше подготвена во Филаделфија да ги испрати Малком Брогдон и Карис Леверт во замена за австралискиот кошаркар и избор од првата рунда, но сиксерси бараа уште двајца кошаркари, по што преговорите исто така пропаднаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот