Садики за Студеничани: Немаме заразен од коронавирус, секојдневно сме во координација со полицијата

Градоначалникот на Студеничани, Азем Садики во „Утрински брифинг“ за „Слободна ТВ“ зборуваше за состојбата во оваа општина.

-Ги спроведуваме мерките на Владата, и иако немаме заразен од коронавирус, ние максимално се трудиме да ги почитуваме препораките, рече Садики.

Полицискиот час се почитува, исклучок ќе има за земјоделците и сточарите.

-Ги дезинфицираме школите, верските објекти, јавните површини. Во голема мера се почитува полицискиот час. Сега земјоделците и оние кои се занимаваат со сточарство викендов ќе имаат можност да излезат и да ја работат својата работа. Секојдневно сме во координација со полицијата. Во соработка со министерството за здравство дониравме и возило за брза помош кое ќе биде во служба на сите граѓани, изјави Садики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот