САД разгледуваат можност за испраќање воени бродови во Црното Море поддршка на Киев: Ќе надлетуваат и разузнавачки авиони

САД разгледуваат можност во следните неколку недели да испратат воени бродови во Црното Море за поддршка на Киев по распоредувањето на руска војска на границата со источна Украина. 

Ова денеска го соопшти Си-ен-ен, повикуајќи се на преставници од Министерството за одбрана на САД. 

Според изворот, бродови на воено-морските сили на САД одвреме навреме влегуваат во Црното Море, но распоредување на воени бродови имено сега ќе биде предупредувачки сигнал за Москва. 

Според договорот од 1963 година, согласно кој Турција ги контролира црноморските теснеци,  САД се обврзани да ја информираат Анкара за намерата дека сакаат да влезат во водите на Црното Море, 14 дена до пристигањето на бродовите. Од Си-ен-ен не успеале да дознааат дали била испратена таква информација. 

Претставикот на Пентагон исто така соопшти дека воено-морските сили на САД ќе продолжат со полети на разузнавачки авиони во меѓународното воздушно пространство над Црнотто Море за набљудување на активностите на воено-морските сили на Русија и движењето на руската војско во Крим. 

Во средата, американски бомбардер Б-1 извршил лет над Егејското Море. 

Иако САД немаат официјален став дека собирањето на руската војска до украинската граница е подготовка за офанзива, изворот укажува дека „ако нешто се промени, ќе бидеме спремни да реагириаме”. 

Администрацијата на Џо Бајден и меѓународната заедница повеќепати досега изразија загриженост поради зголемената напнатост меѓу Украина и Русија. Во изминатите две недели, речиси целото раководство на САД разговараше со украинските колеги за оваа ситуација. Бајден и државниот секретар Ентони Блинкен разговараа со претседаетлот Володомир Зеленски. 

Портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки, на последниот брифинг изјави дека Администрацијата е „сериозно загрижена” со акциите на Русија. Таа изјави и дека САД разговараат со сојузнците за ова. 

-Русија сега има војска на границата со Украина повеќе од кога и да било после 2014 година, изјави таа и додаде дека само оваа недела биле убиени пет украински војници. 

-Тоа се опасни предзнаци, изјави таа. Според неа, подготовката на извештајот за злонамерните активности на Русија ќе биде завршен „во наредните недели”. 

Загриженост од поведението на Русија изразија и Пентагон и Стејт департментот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот