САД нема да ги повлекува своите војници од Ирак

Американска војска Ирак/ Фото: Профимедиа/Илустрација

САД денеска соопштија дека нема да го разгледуваат прашањето за повлекување на своите војници од Ирак откако ирачкиот премиер пред два дена го замоли Вашингтон да испрати делегација за да се договорат условите за повлекувањето, јавија француските медиуми.

-Секоја делегација што ќе биде испратена во Ирак ќе биде посветена на разгледување на прашањето како најдобро повторно да се договори нашето стратегиско партнерство. Не да го разгледуваме повлекувањето на војниците, туку нашето правилно, актуелно разместување на силите во Блискиот исток, изјави портпаролот на Стејт департментот, Морган Ортегас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот