САД ќе загубат најмалку 40 милијарди долари од забраната за Хуавеј

Кинеската компанија Хуавеј најави дека во наредниве години ќе потроши десетици милијарди долари на создавањето технолошки залихи во Европа, откако беше ставен на американската црна листа.

Оваа одлука директно ќе влијае врз поголемите компании во САД како што се Квалком, Интел , Микрон и Гугл, кои во минатото ја снабдуваа кинеската компанија со софтвер,  хардвер и резервни делови за кинеските производи.

Во минатото Хуавеј трошеше повеќе од десет милијарди долари годишно на резервни делови и услуги за своите паметни телефони и мрежната опрема, а кои порано ги купуваше од американските компании.

Сега откако Хуавеј ги сели инвестициите во Европа, се проценува дека американските компании во наредните пет години ќе загубат најмалку 40 милијарди долари.

Кинеската компанија најави дека во наредниве месеци ќе ги зголеми своите набавки во Кина ,Јапонија и Европа со што ќе  осигура  континуитетот на производствениот процес.

Претседателот на Хуавеј за западна Европа Ернест Лин Занг изјави дека американската забрана за испорака на 5 Г опрема немала никакви финансиски влијанија врз компанијата како и дека Хуавеј веќе не користи ниту еден американски производ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот