САД ја чека пресудата за убиството на Џорџ Флојд

Наскоро треба да заврши судењето на Дерек Човин, поранешниот полицаец од Минеаполис на кој му се суди за убиството на Џорџ Флојд од минатата година. Поротата се повлече од судењето и ја разгледува пресудата.

Америка го чека исходот од едно од најголемите судења во изминатите години, а судот е заштитен со бодликава жица, високи препреки и вооружени војници од Националната гарда.

Градовите низ земјата се спремаат за протести без оглед на пресудата.

Обвинителството и одбраната вчера ги дадоа завршните говори во судењето кое траеше три недели. Обвинителството тогаш имаше уште една прилика да ги побие аргументите на одбраната пред поротата да биде испратена на одлучување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот