Сѐ уште не се знае кој ќе ја замени Русковска, таа ќе се жали на суспензијата

Вилма Русковска
Изјава на Вилма Русковска / Фото: МИА

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, чиј мандат истекува во ноември, ќе се жали на одлуката за суспензија пред Советот на јавни обвинители, за што има рок од осум дена. Обвинителката од вчера повеќе нема пристап до материјалите на коишто работела, а засега нема информации кој ќе ги преземе нејзините предмети, пишува „Дојче веле“.

„До избор на нов шеф со Обвинителството за организиран криминал ќе раководи обвинителот кој Русковска го определила како заменик со годишниот распоред за работа на обвинителите“, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за ДВ.

Тоа значи дека Русковска ќе треба да ја замени обвинителката Ивана Трајчева, против која исто така е покрената дисциплинска постапка. Нејзиното име се најде на листата на обвинителки против коишто ексдиректорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми поднесе кривична пријава. Јовески вели дека покренатата дисциплинска постапка против Трајчева нема да влијае врз одлуката да ја менува нејзината досегашна шефица.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во вторникот (16.08) ја суспендира обвинителката Русковска и поведе дисциплинска постапка за неа и за нејзините соработнички – обвинителките Елизабета Јосифовска и Ивана Трајчева. Јовески смета дека тие направиле „крупна професионална грешка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот