Воен брод Москва / Фото : Твитер

Руското МО потврди дека бродот „Москва“ е тешко оштетен

Рускиот крстосувачки брод  Москва е „тешко оштетен” во пожар предизвикан од експлозија на муниција, соопшти вчера Министерството за одбрана.

Екипажот е евакуиран, а во тек е истрага за инцидентот. Но, руското Министерство за одбрана не наведе каде се случил инцидентот.

Украинските власти претходно објавија дека пожарот на бродот Москва е предизвикан од ракетен напад.

Гувернерот на областа Одеса, Максим Марченко изјави дека „ракетите од Нептун кои го штитат Црното Море предизвикале голема штета на тој руски брод”.

Бродот Москва учествуваше во првите денови од инвазијата врз Украина и во нападот на Островот на змиите во Црното Море, при што беа заробени 19 припадници на украинската морнарица кои подоцна беа разменети за руски затвореници.

Киев тврди : Погоден бродот „Москва“ гордоста на руската морнарица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот