Руските комичари кои го вознемирија Балканот обвинети дека се од тајната служба

Двајцата руски пранкери кои го имитираат поранешниот украински претседател Петро Порошенко, и кои ги повикуваат и лажат политичарите и светските познати личности, се обвинуваат за соработка со тајните служби, пренесува Топ Чанел.

Познати како Лексус и Вован, Владимир Кузнесов и Алексеј Столјаров, го претвориле Петро Порошенко во мета на нивните шеги, а на стапицата, покрај нашиот премиер Зоран Заев, падна и косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

Тие дури успеале да му се јават и на покојниот сенатор, Џон Мекејн, специјалниот пратеник за Украина, Курт Волкер, или дури и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Ниту францускиот претседател, Емануел Макрон или турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, не можеле да се спасат.

Во септември 2015 година, тие го убедиле Елтон Џон дека рускиот претседател Владимир Путин бил на линија и сакал да разговара за правата на хомосексуалците. Задоволен, британскиот пејач го објави онлајн телефонскиот разговор, додека Кремљ беше принуден да реагира. Вистинскиот Путин го побара Елтон Џон и му изрази жалење за ова “телефонирање на момчињата”, како што ги нарече тој пранкерите.

Во интервју за новинската агенција АФП, самите пранкери велат:

„Според коментарите на интернет, ние сме биле полковници на ФСБ или мајори пред извесно време”.

Всушност, начинот на кој се избрани жртвите, фактот дека тие генерално не ги вознемируваат руските политичари или имаат пристап до телефонските броеви на политичарите од високо ниво, придонеле сомнежите дека тие двајца работат за руските тајни служби да бидат гласни, пренесува Топ Чанел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот