Руски воен транспортен авион се урна во јужниот руски регион Воронеж, загина екипажот

Рускиот урнат авион/ Фото Profimedia

Руски транспортен авион Антонов Ан-26 со воена опрема се урна во јужниот руски регион Воронеж, во близина на Украина, при што загинаа сите членови на екипажот во авионот, соопшти Министерството за одбрана.

„За време на планираниот лет за транспорт на воена опрема, се урна авион Ан-26 на руските воздушни сили”, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

„Екипажот загина”, се вели во соопштението, без да се наведат други детали детали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот