Руски педијатар советува: Штом на детето му потече носот, дадете му го ова!

Зимското време со себе носи вируси и бактерии, кои можат да предизвикаат полесни, но и потешки настинки. Знаеме дека магичен напиток за имунитет не постои, но рускиот педијатар и оториноларинголог Татјана Гарашченко, дала совет како родителите да им помогнат на своите деца.

Станува збор за природно средство од кое треба само да капнете во нос штом носот почне да ви тече.

Кромидот се користи во здравствени цели, а многу мајки кажуваат дека им помага на нивните деца да дишат кога носот им е затнат. Тогаш само ја преполовуваат главицата кромид и ја ставаат покрај креветот каде што спие детето.

Сокот од кромидот може да помогне кога носот ќе почне да тече.

РЕЦЕПТ:

Една капка сок од кромид помешајте ја со 5 капки превриена и оладена вода.

Кромидот треба да го исечкате на парчиња кои ќе ги процедите за да добиете сок.

Помешајте една капка од сокот од кромид со 5 капки вода и капнете му на детето во нос, особено доколку настинката трае подолго. Најдобро е да ставате една до две капки во двете ноздри, еднаш до трипати дневно.

Докторката истакнува дека не треба да се исплашите доколку потече обилен исцедок од носот, бидејќи тогаш доаѓа до активно чистење на носот и ослободување од бактериите и вирусот.

Уште од порано, кромидот се смета за еден од најсилните природни антибиотици. Фенолните компоненти имаат силно антибактериско и антивирусно дејство. Што посилни се мирисот и аромата, побогат е со антиоксиданси, а со самото тоа и поздрави.

Лечењето со кромид не ја оштетува слузокожата на носот и не предизвикува зависност. Погоден е за примена кај мали деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот