Руски агенти роварат, се обидуваат да ги расипат односите меѓу Софија и Скопје, тврди Петков

кирил петков
Кирил Петков, премиер на Бугарија / Фото: МИА

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска изјави дека руски агенти работат против Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија и подобрувањето на билатералните односи меѓу двете земји.

Тој во изјавата за медиумите, која ја пренесе БГНЕС. посочи дека „доста голема руска дијаспора сочинета од агенти“, која е формирана во Бугарија, работи на различни интереси, а еден од нив е и „расипувањето“ на односите меѓу Софија и Скопје.

Петков вели дека рускиот интерес бил фокусиран „да нема европска иднина за Западниот Балкан“.

– Не знам дали акцијата се однесува на ова прашање, но знам дека имаме неколку такви случаи, што мене ми покажува дека некој се обидува да го промени бугарскиот интерес – изјави Петков.

Бугарскиот премиер рече и дека очекува во најскоро време заедничката историска комисија на Северна Македонија и Бугарија да излезе со резултати.

– Колку што сум информиран, напредокот е огромен. Се радувам, дека кога од двете страни има дух да работиме заедно, се постигнуваат успеси – рече Петков пред новинарите за време на посетата на Благоевград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот