Руската војска тврди дека го освоила Купјанск

Руските војници го освоиле градот Купјанск во регионот Харков, му соопштил на претседателот Владимир Путин началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов, објави ТАСС.

– Единиците на групата „Запад’“ го ослободија градот Купјанск и продолжуваат да ги уништуваат украинските сили опколени на левиот брег на реката Оскол – изјави Герасимов.

Путин, тврди ТАСС, го прашал Герасимов дали целата операција е завршена, на што командантот на групата „Запад“ одговорил потврдно.

ВИДЕО: Украински дронови нападнаа една од најголемите руски рафинерии – избувна пожар, илјадници останаа без струја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот