ВИДЕО: Украински дронови нападнаа една од најголемите руски рафинерии – избувна пожар, илјадници останаа без струја
Командантот на украинските беспилотни сили, Роберт Бровди, објави дека во средата навечер украински дронови го нападнале и нафтениот комплекс „Иља“ во Краснодарската Област. Објектот годишно преработува над 6 милиони тони нафта, претставува клучен работодавач во регионот и има голема улога во локалната економија.
Украинските воздушни напади оставија делови од југозападниот регион Курск без електрична енергија во текот на ноќта, соопштија официјални извори во четвртокот, додека, пак, напади со дронови наводно предизвикале пожар во една од најголемите рафинерии за нафта во земјата, во Рјазањската Област, пренесе „Москов тајмс“.
Препорачано
Погодок бил забележан и врз руските војници на привремено окупираната територија на Доњецк.
Командантот на Силите за беспилотни системи на Украина, Роберт Бровди, соопшти дека ноќта во средата украински дронови го нападнале и нафтениот комбинат „Иља“ во Краснодарската Област. Претпријатието преработува повеќе од 6 милиони тони нафта годишно, е еден од најголемите работодавачи во регионот Краснодар и има значително влијание врз економијата на регионот, објави украинскиот портал „Лига“.
Рубио: Завршувањето на војната бара тешки отстапки и од Русија и од Украина
Повеќе од 16.000 жители во граничните окрузи Глушковски, Рилски и Кореневски останале без струја откако биле погодени неколку трафостаници, изјави гувернерот на регионот Курск, Александар Хинштејн.
Тој рече дека екипите работат на обновување на снабдувањето со електрична енергија, но дека сè уште се проценува целосниот обем на штетата. Хинштејн не прецизираше дали објектите биле погодени од дронови или од ракети.
Ryazan, an attack is underway, presumably on the local oil refinery, locals counted more than 10 explosions. pic.twitter.com/CiBuwCLnX9
— Exilenova+ (@Exilenova_plus) November 20, 2025
Трите окрузи погодени од прекинот на струја имаат вкупно околу 65.000 жители.
Last night Ukrainian drones attacked Ryazan with residents reporting at least 10 explosions. The refinery was claimed to have been the target which was attacked before. Geolocated at 54.56612649035338, 39.747316838684945 pic.twitter.com/Dco8GzVDVw
— raging545 (@raging545) November 20, 2025
Понатаму на исток, жителите на Рјазањската Област и блиските градови југоисточно од Москва пријавиле дека слушнале серија експлозии во текот на ноќта.
Гувернерот на областа, Павел Малков, рече дека остатоци од соборени дронови предизвикале пожар на ненаведен индустриски објект.
Непотврдени извештаи укажуваат дека пожарот избувнал во рафинеријата за нафта „Рјазањ“, која беше нападната најмалку осумпати годинава.
Рафинеријата, која е во сопственост на „Роснефт“, преработува околу 17 милиони тони сурова нафта годишно.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана соборила 16 украински дронови над регионот Рјазањ во текот на ноќта. Вкупно, според нив, биле соборени 65 дронови низ целата земја, иако ниеден не бил пријавен во регионот Курск.


