Руската православна црква ја призна МПЦ – ОА како автокефална сестринска црква

Фото МИА

Светиот синод на Руската православна црква на денешната седница ја призна Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како автокефална сестринска црква.

– На 25 август 2022 година, на седницата на Светиот синод на Руската православна црква, беше слушната пораката на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил за доделувањето од страна на Српската православна црква на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридската архиепископија. Синодот одлучи да му се заблагодари на Господ Бог за решавањето на прашањето за статусот на Православната црква во Северна Македонија на канонска основа и да ја признае Македонската православна црква – Охридска Архиепископијата, како автокефална сестринска црква, впишувајќи го името на нејзиниот Поглавар, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, во светите диптиси, објави на својата веб страна Руската православна црква.

Членовите на Синодот, се вели во објавата на Руската православна црква, изразија надеж дека МПЦ – ОА, најмладата во семејството на автокефалните православни цркви, цврсто ќе ја зачува светата православна вера во чистота и интегритет и ќе ја запази верноста на православната канонска традиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот