Знамиња на САД, Русија и Украина - Извор Х

Русите пристигнаа во Женева на нова рунда преговори за мир

Авион со руска делегација слета во Женева, каде што на 17 и 18 февруари ќе се одржат трилатерални разговори меѓу Русија, Украина и САД за евентуално решавање на конфликтот меѓу Москва и Киев. Кремљ објави дека, за разлика од претходните состаноци во Абу Даби, овој пат ќе се дискутира за поширок спектар на прашања.

Извор од руската делегација им изјави на медиумите во таа земја дека авионот со делегацијата предводена од помошникот на претседателот Владимир Медински успешно пристигнал во Швајцарија. Видеото од пристигнувањето на авионот го објави агенцијата RUPTLY, пренесува Тајмс оф Израел.

Швајцарското Министерство за надворешни работи објави дека разговорите ќе бидат затворени за јавноста. На новинарите ќе им биде дозволен пристап само до видео снимки од пристигнувањето на делегациите и фотографии од почетокот на состанокот, додека самите преговори ќе се одржат без присуство на медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот