РУСИТЕ НЕ ПРОСТУВААТ: Драконска казна за Израелката во чиј багаж е пронајден канабис

Фото: Профимедиа

Израелката која е во притвор во Русија поради тоа што полицијата на аеродромот во Москва и пронајде девет грама канабис, ќе мора да отслужи затворска казна од седум и пол години, откри нејзината сестра.

Сестрата на осудената Наама Исшар, за американските медиуми кажа дека нејзината сестра и семејството се обиделе да стапат во контакт со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Лидерот на Израел успеал да стапи во контакт со мајката на девојката и рекол дека ќе се обиде да направи сѐ што е во негова можност таа да биде ослободена што е можно побрзо.

– Таа е многу силна, но таму нема да издржи уште долго – изјави сестрата на осудената.

Исшар се враќала дома во Тел Авив по тримесечно патување во Индија, кога била запрена од полицијата на московскиот аеродром и пренесена во собата за испрашување, каде ѝ е соопштено дека во нејзината торба се пронајдени девет грама канабис.

Израелката, која има служено воен рок во земјата, рекла дека го заборавила канабисот во нејзината патничка торба. Сепак, покрај обвинението за поседување на канабис, таа заработила обвинение и за обид за нелегално внесување на дрога во Русија.

Пред судијата, Исшар рекла дека е „свесна за нејзиното неодговорно однесување и дека заборавила за сите работи кои биле во торбата“. Додатно, таа го отфрлила обвинението дека се обидела да внесе дрога во Русија.

Од канцеларијата на Нетанјаху рекоа дека премиерот лично интервенирал за Нама Ишар, а од семејството сметаат дека казната која ја добила не соодветствува со нејзиното дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот