Премиерот Димитар Ковачевски/Фото: МИА

Русија треба да дозволи гасот од Србија да стаса до Македонија

Премиерот Димитар Ковачевски денеска посочи дека се водат интензивни преговори со Србија за да се обезбеди гас, но набавката мора да се реализира со мултилатерални договори, во кои би бил вклучен и рускиот државен гигант „Гаспром“.

„Со Србија постои можност, меѓутоа не 100-процентна, заради тоа што мора да биде реализирана низ мултилатерални договори, бидејќи ние имаме когенеративна централа во приватна сопственост не во државна на територијата на државата. Доколку Србија успее да обезбеди поевтин гас, тој гас би се донел и доколку успеат да го донесат до земјава со оглед на тоа дека интерконекторот со Бугарија кај Жидилово е закупен на долгорочен договор од страна на ГАСПРОМ. Тој не е во сопственост ниту на Република Северна Македонија, ниту на Бугарија, ниту на Србија, туку на ГАСПРОМ Русија. Само тие можат да дадат дозвола каков и колку гас да поминува низ гасоводот. Доколку се успее да се направи тоа значи дека поевтина цена на гас ќе произведе поевтина цена на електрична енергија која нормално дека ќе биде размената“, рече Ковачевски во одговор на пратеничко прашање за енергетската криза на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Премиерот и министерот за економија Бектеши вчера најавија дека Македонија преговара со српската компанија „Србијагас“ за набавка на енергенсот од Русија по три до четири пати пониска цена од берзанските.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот