РУСИЈА СО ПОРАКА ДО ЗАПАДОТ: „Денот Д“ не беше одлучувачки за крај на Втората светска војна
Иако светските лидери денеска се собраа во Портсмут да им оддадат почит на ветераните на десантот на Нормандија, третирајќи го тоа како настан поради кој завршила Втората светска војна, сепак од Русија не мислат дека тоа е така.
Зборувајќи на пресконференција за новинарите, портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, им оддаде почит на загинатите на западниот фронт и додаде дека Москва ги уважува воените напори на Западот, меѓутоа, дека тие и малку се преувеличуваат.
– Тоа секако не треба да се преувеличува. Посебно истовремено да не се намалуваат титанските напори на СССР, без кои победа едноставно немаше да има -, рече таа.
– Како што велат историчарите, тој настан во Нормандија не бил одлучувачки за исходот од Втората светска војна. Тој е веќе одлучен со победите на Црвената армија, посебно во Сталинград -, додаде таа.