Светските лидери се обединија: Во Портсмут одбележан „Денот Д“

Фото: EPA

Денеска петнаесет светски лидери присуствуваа на церемонијата во Портсмут, со која се оддава почит на учесниците во најголемата копнено-воздушно-поморска инвазија во историјата, која помогна да се стави крај на Втората светска војна.

Доналд Трамп, кој е во посета на Велика Британија. им се придружи на кралицата Елизабета Втора и на 300 ветерани од Втората светска војна на одбележувањето на 75-годишнината од почетокот на сојузничкиот десант на Нормандија

Кралицата, принцот Чарлс, претседатели и премиери, вклучувајќи ги Ангела Меркел, Емануел Макрон и Џастин Трудо, со стоечки овации ја поздравија групата ветерани, чии одела беа натежнати од медали и ордени.

-Се обединивме овдека за да им оддадеме почит на оние чии храброст и пожртвуваност на плажите на Нормандија направија пресвртница во Втората светска војна. Се колнеме дека никогаш нема да го заборавиме долгот кон нив. Нивните солидарност и посветеност кон одбраната на нашата слобода остануваат лекција за сите нас  –  изјави британската премиерка Тереза Меј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот