Русија прогласи двајца бугарски дипломати за персона нон грата

Дипломатско возило на Русија / Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Причина за ваквата постапка на руските власти е прогласувањето на двајца дипломати од руската Амбасада во Софија за персона нон грата за дејствијата што се некомпатибилни со Виенската конвенција.

Амбасадорот на Република Бугарија во Москва, Атанас Крастин, е повикан во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, каде му е соопштено дека двајца дипломати од бугарската Амбасада се прогласени за персона нон грата,  соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, причина за ваквата постапка на руските власти е прогласувањето на двајца дипломати од руската Амбасада во Софија за персона нон грата за дејствијата што се некомпатибилни со Виенската конвенција.

Како што пренесе дописникот на МИА од Софија, во средината на март бугарското Јавно обвинителство соопшти дека открило група од шест граѓани кои работеле во Министерството за одбрана и парламентот, а кои шпионирале за Русија, додека нивниот лидер бил во контакт со двајца руски дипломати од Амбасадата во Софија, за што беа прогласени за „персона нон грата”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот