Москва: Русофобијата е официјална доктрина во Естонија, непријателските акции нема да останат без одговор

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Естонските власти треба да знаат дека нивното барање за ограничување на бројот на дипломати и персонал на Руската амбасада во Талин нема да остане без одговор, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

„За нас не е тајна дека Естонија е една од земјите кои се најмногу непријателски кон Русија. Русофобијата таму е официјална доктрина“, рече Захарова.

Таа додаде дека во исто време Естонија „сака да ги задоволи своите спонзори од другата страна на океанот”.

Министерството за надворешни работи на Естонија денеска соопшти дека Русија мора да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Талин до 1 февруари.

Во соопштението се прецизира дека Русија мора да го намали бројот на дипломати на осум, колку што има Естонија во својата амбасада во Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот