Русија мобилизира и офицери во пензија
Рускиот парламент ја зголеми од 65 на 70 години старосната граница за мобилизирање офицери од највисок ранг во армијата.
Препорачано
Во септември Русија ја спроведе првата масовна мобилизација на војници и офицери од резервниот состав, ангажирајќи околу 300.000 луѓе со воено искуство заради војната во Украина.
Во меѓувреме беше крената од 27 на 30 години возраста за повикување граѓани на воената обврска. Новиот закон, донесен во вторникот во Думата, предвидува за пет години да биде крената возрасната граница за мобилизирање на мажите што ја завршиле воената обврска, но повеќе не се во оружените сили.
За офицерите од највисоки чинови, граничната возраст сега е 70 години, за високи офицери е 65, за помлади офицери е 60, а за сите со пониски чинови границата е поместена од 45 на 50 години.
Задржана е и воената резерва – мажи што по отслужувањето на воениот рок потпишале да бидат повикувани на обуки и вежби и да бидат мобилизирани.
Министерот за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека се планира и зголемување на активниот воен состав на професионални војници и регрути од сегашните 1,15 милион на 1,5 милион.


