Русија ќе се врати на договорот СТАРТ доколку САД се откажат од „непријателски став“ кон Москва, вели Рјабков

Сергеј Рјабков
Сергеј Рјабков / EPA-EFE/THOMAS PETER / POOL

Русија ќе се врати на Новиот договор СТАРТ доколку Вашингтон се откаже од својот „непријателски став“ кон Москва, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, пренесоа руските агенции.

САД неделава објавија дека ќе престанат да испраќаат известувања до Русија според договорот за контрола на оружјето, вклучително и нови информации за локациите на американските ракети и системи за лансирање, како одговор на кршењето на договорот од страна на Москва.

Според Рјабков, ова не е изненадување за Москва и одлуката на Русија да го суспендира Новиот СТАРТ останува на сила и покрај какви било контрамерки.

„Без оглед на какви било мерки или контрамерки од американска страна, нашата одлука да го суспендираме договорот СТАРТ е непоколеблива“, рече тој, пренесе ТАСС. „И нашиот услов за враќање на целосно оперативен договор е САД да го напуштат својот суштински непријателски став кон Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот