• Сергеј Рјабков

Русија предупреди на прекин на дипломатските односи со САД доколку тие ги конфиксуваат нејзините замрзнати средства

Русија може да ги прекине дипломатските односи со САД доколку Вашингтон ги конфискува руските средства замрзнати поради конфликтот во Украина, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, пренесуваат британските медиуми. -САД не треба да живее во илузијата дека Русија со двете раце се држи до дипломатските односи со оваа земја, рече Рјабков.