Русија испрати против-воздушни системи С-400 во Белорусија на воена вежба

Русија испраќа два баталјона ракетни системи земја-воздух С-400 во Белорусија. Вооружувањето се испраќа во рамките на воените вежби што ќе се одржат следниот месец, соопшти руското Министерство за одбрана.

Британските медиуми пренесуваат дека Министерството за одбрана соопштува дека два баталјона С-400, што вообичаено вклучуваат осум против-воздушни ракетни системи, во моментов  со воз се префрлаат во Белорусија од рускиот Далечен Исток

Официјална Москва најави дека во Белорусија ќе бидат распоредени и 12 борбени авиони „Су-35″ и еден ракетен систем „Панцир”.

Руските воени сили и опрема неделава почнаа да пристигнуваат во Белорусија за учество во воената вежба „Сојузничка одлучност”, што ќе се одржи во близина на западната граница на Белорусија со членките на НАТО – Полска и Литванија, и во близина на нејзиното јужно крило со Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот