Фото: Bildagentur-online/Ohde / Alamy / Alamy / Profimedia

Русија има околу 6.000 нуклеарни боеви глави, проценуваат Американците

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска во своето обраќање до нацијата рече дека земјата има „различни оружја за уништувања” и ги предупреди светските лидери за „нуклеарна уцена” против неговата земја.

– Доколку е загрозен територијалниот интегритет на нашата земја, ние без сомнение ќе ги искористиме сите расположливи средства за да ги заштитиме Русија и нашиот народ, ова не е блеф, истакна Путин во вонредното телевизиско обраќање до нацијата.

Иако точниот број на нуклеарното оружје не е познат поради тајноста на безбедносните стратегии, според Федерацијата на американските научници, Русија е земјата со најмногу нуклеарни боеви глави во светот – 5.977. САД имаат 5.428 боеви глави, Франција 290, а Велика Британија 225 боеви глави. Русија и САД поседуваат приближно 90 проценти од сите нуклеарни боеви глави во светот.

Путин во март предизвика загриженост ширум светот откако ги стави своите нуклеарни сили во состојба на готовност. Русија поседува и интерконтинентални балистички ракети (ИЦБМ), кои можат да стигнат и да ги уништат големите светски градови како Лондон или Вашингтон. ИЦБН може да достигне максимална брзина околу 10 минути по лансирањето, што значи дека една ракета истрелана од Русија може да стигне до Велика Британија за само 20 минути.

За Русија да употреби нуклеарно оружје, постои строго одредена процедура. Претседателот, министерот за одбрана или началникот на Генералштабот треба да одобрат употреба на нуклеарно оружје. Руската нуклеарна доктрина дозволува употреба на тактичко нуклеарно оружје – ограничена нуклеарна експлозија во конвенционален конфликт. Стратешкото нуклеарно оружје може да погоди цели многу подалеку, како што се оние во САД. Тактичко нуклеарно оружје е термин кој се користи за ракети што се распоредени на бојното поле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот