Русија и понатаму бележи црни рекорди, нов раст на смртните случаи во последниве 24 часа

Долниот дом на рускиот Парламент, Думата денеска го поддржа предлог-законот за задолжителни QR кодови во Русија/ Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Русија денеска забележи нови рекордни 815 починати од коронавирусот во претходните 24 часа, соопштија од Кризниот штаб, пренесува ТАС. 

Смртните случаи од Ковид-19 во Русија растат секојдневно, откако вчера беа соопштени 808 починати, а ден претходно 799 смртни случаи. 

Смртноста од Ковид-19 во Русија е 2,58 отсто, соопшти агенцијата ТАС. 

Во последниве 24 часа Русија објави 22,277 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на инфицирани од почетокот на пандемијата е 6,557,068. 

Црн рекорд за Русија: Денеска 799 починати од Ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот