Русија до крајот на летото ќе ја регистрира вакцината против коронавирусот

Фото: Профимедиа

Истражувањето во моментов е во фаза на предклинички испитувања, што може да трае уште најмногу еден месец.

Русија во август може да ја регистрира вакцината против коронавирусот , најави директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија, Александер Гунцбург.

-Верувам дека можевме да ја регистрираме вакцината до крајот на летото. Јас би рекол дека може да биде и во август, ако се оди според планот и доколку нема изненадувања, рече Гунзбург во интервју за телевизија „Русија 1″, пренесе Тасс.

Истражувањето во моментов е во фаза на предклинички испитувања, што може да трае уште најмногу еден месец.

Според Гунзбург, вакцината ќе се става на десното рамо, но не сите Руси ќе може да ја примат во исто време.

-Министерството за здравство размислува како да го стори тоа, какви капацитети ќе бидат ангажирани за да се зголеми производството на вакцини, рече Гунзбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот