Русија до 13 часот извела повеќе од 30 напади, тврди украинската армија

Мапа на нападите, Обработка на податоци: Слободен печат / Иван Самарџиев

Русија до 13 часот извршила повеќе од 30 напади врз цивилната и воената инфраструктура во Украина, се наведува во извештајот на Генералштабот на украинската армија, што го пренесуваат агенции.

„Вооружените сили на агресорот извршија повеќе од 30 напади со крстосувачки ракети „калибер“, а извршија и повеќе ракетни напади. Во нападите учествуваа авијацијата и артилеријата, чија цел беше цивилната и воената инфраструктура во Украина“,  соопшти Генералштабот.

Се додава дека „непријателот ја продолжува офанзивата од воздух, како и дека ја преминал украинската граница во правците Аријанск-Херсон, Чаплинка-Каховка“.

Според украинскиот Генералштаб, забележена е засилена активност на диверзантско-извидувачки групи во оперативната област Бесарабија и во Црноморската оперативна зона на Украина.

Поголем дел од Здружените украински сили се преминати на одбранбени операции.

„Оперативно-тактичките групи водат одбранбени борби во сите правци во кои непријателот напредува“, се додава во соопштението на Генералштабот на украинската армија во Киев.

ВО ЖИВО | Русија ја нападна Украина, вести од минута во минута

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот